More

    Отровниот воздух и вирусите ги испразнија градинките и ги наполнија болниците

    spot_img

    Маглата и загадениот воздух дополнително ја комплицираат состојбата со децата кои имаат хронични заболувања, па во детската клиника во Козле веќе подолго време нема слободен кревет.

    Како што велат педијатрите, постојат огромен број причини поради кои ни се случува овој ураган од разболени деца во овој период, со што се намали бројот на деца во градинките и училиштата, а се зголеми бројот на деца што посетуваат амбуланти и педијатриски одделенија.

    – Болниците и амбулантите се преполни со деца кои заболуваат од горно и долно респираторни инфекции, а сето тоа е последица на ширењето на грипот кај децата, без разлика на кој вид инфлуенца станува збор, исто така присутен е респираторниот синцициски вирус кој предизвикува кашлица, температура. Оваа симптологија се споредува и со композиција на симптоми дури и од ковид-19, што предизвикува страв кај родителите, при што се применуваат доста тестирања со цел да се исклучи постоењето на ковид, а да се потврди за која бактерија или вирус станува збор – вели за Плусинфо педијатарот д-р Ангелчо Андоновски.

    Болниците и амбулантите се преполни со деца кои заболуваат од горно и долно респираторни инфекции, а сето тоа е последица на ширењето на грипот кај децата, без разлика на кој вид инфлуенца станува збор, исто така присутен е респираторниот синцициски вирус кој предизвикува кашлица, температура.

    Д-р Ангелчо АндоновскиПедијатар

    Тој додава дека третманот не секојпат мора да биде антибиотски, но сепак, како што вели, треба да постои употреба на инхалаторна терапија, како и терапија која ќе ја подобри кондицијата на организмот за да може да се бори со овие болести.

    Андоновски потенцира дека аерозагадувањето е голем непријател на респираторниот тракт, особено кај дечињата кои имаат ослабен организам како последица на некое од горенаведените заболувања.

    – ПМ честичките предизвикуваат одредена инфламација на горно и на долно респираторните патишта, а дури и на крвните садови. Самото присуство на загаденост во воздухот доаѓа до тоа кај децата да ослабне имунолошкиот систем, а со тоа децата полесно да се заразат со сите други предизвикувачи коишто ги споменавме. Буквално нарушениот имунолошки систем предизвикува здравјето на детето да биде „кршливо“ и да дојде до појава на другите респираторни болести – истакнува Андоновски.

    Тој препорачува до родителите значително подобрување на имунолошкиот систем кај дечињата, пред сѐ со здрава исхрана, а доколку е потребно и со одредени имунолошки додатоци, како и пробиотици, но тоа што е најважно употреба на физичка активност, зголемени прошетки на повисоки места и покрај реки, се со цел децата да бидат на места каде што е почист воздухот.

    – За да се заштити кревкото здравје на дечињата, според мене е добро и користење маски, особено кога се движат во отворен простор, па така да се спречи навлегувањето на ПМ честичките во организмот. Кај нас можеби малку доцниме со медицинската култура, но полека и тоа се менува. Се надеваме дека проблемот со загадениот воздух ќе се среди, но дотогаш мора да се заштитиме – ни вели Андоновски.

    Oд друга страна, пак, епидемиологот д-р Драган Даниловски не смета дека загадениот воздух е главна причина за зголемениот број хоспитализирани лица, туку тоа се вирусите кои беа потиснувани изминатите години во епидемијата.

    – Наеднаш ослободените респираторни вируси се најдоа во ситуација да циркулираат меѓу домаќини кои имаат слаба одбрана и затоа има многу тешки клинички слики. Сѐ додека не си го отплатиме долгот, додека не зајакне имунитетот и не си ги запознае старите непријатели и не ги воспостави старите механизми, ова ќе трае – објаснува Даниловски.

    Наеднаш ослободените респираторни вируси се најдоа во ситуација да циркулираат меѓу домаќини кои имаат слаба одбрана и затоа има многу тешки клинички слики.

    Д-р Драган ДаниловскиЕпидемиолог

    Даниловски смета дека во зимските месеци, не е можно да се случи цунами на коронавирусот, туку сезонски краткотрајни осцилации, бидејќи данокот кој сега се отплаќа е и поради прекумерна употреба на лекови против ковид-19.

    Во меѓувреме, поради зголемено загадување на воздухот, Владата во заедничка координација со Министерството за животна средина, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар.

    Според оваа одлука, од работни обврски се ослободуваат бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар. Компаниите треба да го реорганизираат работното време и лица на отворено да работат од 11 до 17 часот.

    Владата исто така ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила и се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img