More

    Околу 74,1 отсто од младите во Австрија, веруваат дека пандемијата со коронавирусот им ја „украла“ младоста

    spot_img

    Околу 74,1 отсто од младите во Австрија, веруваат дека пандемијата со коронавирусот им ја „украла“ младоста. Тие се соочувале и уште се соочуваат со досада, стрес и преоптоварување, покажуваат анкетите на јавното мислење.

    Нивното расположение е лошо цели две години од почетокот на пандемијата. Младите Австријци се загрижени затоа што мислат дека се оставени сами да се снаоѓаат. Тие на политичарите им даваат само лоши оценки, кога станува збор за застапување на нивните интереси. Образованието се влоши за време на пандемијата, како и менталното здравје.

    – Со проблеми на училиште или на факултет, младите се соочуваат со страв од иднината поради економска и политичка нестабилност – објасни директорот на агенцијата „Маркетагент“, Томас Швабел.

    Лицата на возраст од 14 до 24 години сакаат повторно да патуваат, да излегуваат навечер, да одат на заеднички настани со пријателите. Наместо тоа, младите велат дека се изложени на досада, стрес, преоптоварување, чувство на осаменост, чувство на безнадежност и депресија.

    Половина од младите сè повеќе се справуваат со болести и смрт, а 20 отсто тврдат дека веќе имале самоубиствени мисли.

    Младите Австријци сега поминуваат сè повеќе време пред телевизор, компјутер или паметен телефон. Само 34,5 отсто од нив посветиле повеќе време на спортот за време на пандемијата.

    Дури 92,8 отсто од младите чекаат светот да се врати во нормала, а убедени се дека реалните последици, во целост ќе бидат видливи, дури по извесно време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img