More

    Министерот Бектеши вели дека сме подобри од земјите во соседството

    spot_img

    Со воведувањето на кризната состојба, Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши.

    -Моментално нема рестрикции во Северна Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи. Горд сум на се што досега сме постигнале, а не сме трошеле од буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 120 милиони евра – истакна Бектеши.

    Тој објасни дека без воведување на кризната состојба немаше да може да се создадат поволни услови за менаџирање на кризата.

    -Во однос на последната одлука одвоени се некаде околу 50 милиони евра, имајќи во предвид дека производната цена на електричната енергија на ЕСМ е некаде околу 61 евро. Во моментов увезуваме и јаглен, а после 12 години со одлука на Владата по предлог на Министерството за економија ја ставивме во функција ТЕЦ Неготино. Под берзански цени работи ТЕ-ТО. На берза моментално цената е 240 евра по мегават час, додека ТЕ-ТО ја продава на државата за 190 евра, со што ќе заштедиме 50 евра по мегават час како држава. Ова не можевме да го направиме без да објавиме кризна состојба во делот на енергетиката  и топлинската енергија – изјави министерот Бектеши.

    Потенцира дека државата ги субвенционира и им помага само на државните компании како што прават секаде во Европа и нагласи дека ЕСМ е во 100 процентна владина сопственост.

    Тој воедно информираше дека се работи на измена на правилникот со кој ќе се зголеми можноста домаќинствата на своите покриви да инвестираат во дополнителни капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори до шест киловати, што ќе претставува 50 отсто зголемување на моќноста од сега дозволените четири киловати, а дополнително за компаниите наместо сега дозволените 20 киловати ќе се овозможи на своите покриви  да постават фотоволтаици со капацитет до 60 киловати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img