Од Министерството за надворешни работи реагираат на бројните објавени нецелосни информации во медиумите, поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.
Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, оттаму информираат дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.