Напаѓачот Лионел Меси не планира наскоро да го напушти Пари Сен-Жермен.
Аргентинецот има намера да остане во парискиот клуб барем до Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември-декември 2022 година, пренесува шпанска „Marca“.
Покрај тоа, 34-годишниот Аргентинец сака да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, што е негова главна мотивација за настап за сегашниот тим.
Меси на 12 натпревари во француската фудбалска Лига 1 има постигнато само еден гол. Аргентинецот не игра според очекувањата на навивачите на ПСЖ кои се надеваа на многу подобри изданија од него.