На плоштадот Тјенанмен беше подигнато кинеското знаме по повод 73-годишнината од основањето на Народна Република Кина.
Во Пекинг нема да се одржуваат паради или други церемонии бидејќи властите сакаа да избегнат зголемено движење на луѓе поради зголемениот број на заразени со корона вирусот.
Кинескиот премиер Ли Кечијанг вчера на приемот по повод Националниот ден на Кина изјави дека економскиот раст ќе се задржи и покрај притисокот од пандемијата.
Националниот ден на Кина се слави од 1 октомври 1949 година, кога тогашниот лидер Мао Це Тунг го објави основањето на Народна Република Кина.