More

    ИЗБРАНИ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ  ЗА ЕВРОПСКОТО ФИНАЛЕ НА „ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ”

    spot_img

    Наши претставници на Европското финале на Европскиот квиз на пари” ќе бидат учениците  од училиштето СУГС Joсип Броз Тито“ – Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц, под менторство на професорката Емилија Величкова, кои на националниот натпревар  успеаа да ги победат останатите 439 тима, од кои 423 тима се натпреваруваа на македонски, а 16 тима на албански јазик.

     Второто место го освоија учениците Теона Митревска и Јани Јеренда од училиштето СЕПУГС Васил Антевски Дрен” – Скопје, под менторство на професорката Биљана Ниновскаа третопласирани се Марија Вчкова и Стефанија Сарафимова од училиштето СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, под менторство на професорката Јасминка Ризова.

     Ова се резултатите од националниот натпревар што се одржа по четврти пат, за време на Глобалната/европската недела на пари,  а на кој учествуваа 878 ученици под менторство на 94 наставници/професори од 72 основни и средни училишта од целата земја.

    Европското финале на квизот, ќе се одржи на 10-ти мај и ќе се одвива виртуелно.  Освен со парична награда, за  првпат, Европската банкарска федерација петте најдобри тима ќе ги награди со дводневно патување во Брисел, Белгија.

    Европскиот квиз на пари” е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на ученици од 13 до 15годишна возраст, што Македонската банкарска асоцијација го организира во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img