More

    Електролукс го прекина производството во Унгарија

    spot_img

    Шведскиот производител на апарати за домаќинство Електролукс одлучи да го затвори производството во својата фабрика во Нирегихаза, Унгарија, на почетокот на 2024 година поради очекуваната послаба побарувачка во период на висока инфлација и зголемени каматни стапки.

    Фабриката во Нирегихаза произведува фрижидери и вработува околу 650 работници.

    Компанијата објави дека, поради прекинот на производството во Унгарија, ќе резервира трошоци за реструктуирање од околу 550 милиони шведски круни (48,5 милиони евра) во првиот квартал.

    Тие посочија дека очекуваат помал обем на продажба оваа година поради послабото расположение на потрошувачите, додавајќи дека можеби нема да можат целосно да ги пренесат повисоките трошоци за енергија и работна сила на клиентите.

    Според нивната проценка, побарувачката годинава би требало да ослаби во Европа, Северна и Латинска Америка, додека стабилна би требало да биде во азиско-пацифичкиот регион, Блискиот исток и Африка.

    „Очекуваме дека високата инфлација и каматните стапки, исто така, негативно ќе влијаат на расположението на потрошувачите во 2023 година, но со регионални разлики“, рече извршниот директор Џонас Самуелсон.

    „Ќе ни биде тешко целосно да го неутрализираме очекуваното негативно влијание на надворешните фактори во текот на 2023 година врз цените на целата групација“, рече Самуелсон.

    На 11 јануари, Електролукс предупреди дека поради континуираните високи трошоци и слабата побарувачка, особено во Северна Америка, очекува оперативна загуба во четвртиот квартал од околу две милијарди круни и пад на органските приходи за осум отсто.

    Во четвртокот, тие објавија дека во последните три месеци од минатата година работеле со оперативна загуба од 1,96 милијарди круни (190,3 милиони долари), наведувајќи ги трошоците за реструктуирање од 1,5 милијарди круни.

    Во истиот период во 2021 година забележаа оперативна добивка од 882 милиони круни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img