More

    Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата

    spot_img

    Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5% и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

    „Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба да реагираат на шокови коишто доаѓаат од страна на понудата, сепак дел од централните банки почнаа со намалување на приспособливиот карактер на монетарната политика, како ФЕД, Банката на Англија, Банката на Канада, некои од централните банки од Централна и Југоисточна Европа коишто имаат стратегии на целна инфлација и каде што инфлацијата повеќекратно ја надминува целта. Ова се прави имајќи предвид дека наместо очекуваното стабилизирање на цените на примарните производи, тие и натаму растат ‒ гасот 60%, нафтата 40%, пченицата 30%, поради новиот шок на страната на понудата. Ова упатува дека притисокот врз цените ќе трае подолго од првично очекуваното, со што може да има поизразено влијание врз инфлациските очекувања, како еден од факторите коишто влијаат врз инфлацијата, а на кои централните банки треба да реагираат“, вели Ангеловска-Бежоска.

    Гувернерката истакна и дека тековната инфлација е глобален феномен ‒ тренд присутен кај сите економии без исклучок, и кај најразвиените, и кај економиите со пониско ниво на доход.

    „Кај 60% од развиените економии инфлацијата е повисока од 5%, што е највисоко учество во последните четири декади. Кај повеќе од половината од економиите во развој е над 7%, што е највисоко учество во последните две декади. Овие трендови се присутни и во нашиот поблизок регион, каде што инфлацијата забрза мината година искачувајќи на 3,4% од 1,1%, а овој тренд позабрзано продолжува и оваа година кога достигнува 10%, кај нас 8,8%. Зошто дојде до овој инфлациски тренд? ‒ Анализите упатуваат на два клучни фактора ‒ растот на цените на примaрните производи и застоите во синџирите на снабдување коишто позначително ја намалуваат понудата, а во услови на солидно закрепнување на глобалната побарувачка што е резултат токму на силниот фискален и монетарен импулс, без кои ММФ проценува дека ефектот од пандемичната криза врз глобалната економија би бил посилен за трипати, а заздравувањето многу побавно“, вели гувернерката.

    Гувернерката истакнува дека Народната банка ќе продолжи со редовно следење на сите најнови податоци од глобалното и домашното окружување и соодветно ќе реагира заради одржување на ценовната и воопшто, на макроекономската стабилност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img