За тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово. Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно“, посочија од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека партиите што ја сочинуваат владината коалиција, општинските буџети ги гледаат само како средство за задоволување на партиските интереси.