More

    Американскиот актер и комичар Боб Сагет почина од повреда на главата за која, се претпоставува, дека не верувал дека е опасна

    spot_img

    Американскиот актер и комичар Боб Сагет почина од повреда на главата за која, се претпоставува, дека не верувал дека е опасна, соопшти неговото семејство.

    Сагет беше пронајден мртов во неговата хотелска соба на 9 јануари во Орландо, Флорида, еден ден по комичарскиот настап во близина на Џексонвил. Самата соба била во ред, „со предмети во сопственост на господинот Сагет на ноќното орманче, телевизиското орманче, орманот и бањата“, пишуваше во соопштението од канцеларијата на шерифот.

    Левата рака на Сагет била над градите, а десната била потпрена на креветот кога болничарите пристигнале во неговата соба во „Риц Карлтон“, Орландо, и го прогласиле за мртов, беше напишано тогаш во извештајот од канцеларијата на шерифот.

    Сега неговото семејство издаде соопштение за причините за смртта на Сагет.

    „Властите заклучија дека Боб починал од повреда на главата“, соопшти неговото семејство.

    „Констатирано е дека Сагет случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, се вели во соопштението.

    Инспекторите претходно негираа дека Сагет умрел од дрога или дека е во прашање злосторство и веруваа дека се работи за срцев или мозочен удар.

    Погребот на ѕвездата од „Полна куќа“ се одржа на 14 јануари во Лос Анџелес.

    Омилениот американски стенд-ап комичар и актер почина на 66-годишна возраст, во период кога беше на турнеја низ САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img