Новороденчињата се исклучително чувствителни суштества кои се целосно зависни од нас. Родителите, особено мајките, прават сѐ што е во нивна моќ да го воспитаат бебето на вистински начин и да го заштитат од сѐ лошо. Меѓутоа, што ќе се случи ако неинформираноста доведе до сериозни последици?
Да се биде мајка во првите две години од животот на бебето е исклучително тешко – многу непроспиени ноќи, замор, недостаток на слобода…
Не е чудно што родителите често во состојба на премор стануваат фрустрирани и анксиозни. Сепак, колку и да сте уморни, никогаш не смеете да го проектирате својот гнев врз бебето; Секако, забраната за насилство се подразбира, но во прашање е нешто повеќе.
Дали некогаш ви се случило едноставно да го „протресете“ вашето бебе? Дали знаете дека овој потег може да биде многу опасен?
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.