Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва на 30 километри северозападно од Никшиќ, и 26 километри североисточно од Билеќа во Босна и Херцеговина.
На веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар е наведено дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а на веб-страницата на црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија нема информации за тој земјотрес.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.