Кејт Мидлтон во 2017 година ја донирала својата коса на организација која создава перики за млади луѓе кои ја губат косата поради лекување од рак или други состојби.
Принцезата од Велс пред 7 години донирала 18 сантиметри од нејзината коса на The Little Princess Trust во Обединетото Кралство. Тогаш Сандеј Експрес објави дека Кејт си отсекла 18 сантиметри од косата и му предложила на својот стилист добро да ги искористат прамените што биле исечени.
– Убаво е да се мисли дека некој, некаде, веројатно повеќе од една личност, добил перика со косата на принцезата Кејт. Тоа е навистина убава мисла и е фантастично за подигање на свеста, плус таа има убава коса, сите ние копнееме за таа коса! – изјави тогаш за Хелен Крис, портпаролка на добротворната организација за „Пипл“.
Принцезата на 22 март објави дека е на превентивна хемотерапија по тестовите кои покажале дека има рак.
Ден по објавата, Кејт добила порака од Мила Снедон, осумгодишно девојче кое се спријателило со неа за време на лекувањето со леукемија пред неколку години.
– Таа ќе биде храбра бидејќи јас бев и ќе се бори како јас – изјави Мила за „Мирор“.