More

    Зеленски денеска во Брисел потпиша билатерален долгорочен договор за безбедност со белгискиот премиер, Александар Де Кро

    spot_img

    Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска во Брисел потпиша билатерален долгорочен договор за безбедност со белгискиот премиер, Александар Де Кро.

    Зеленски го објави пактот во вредност од 977 милиони евра (1,06 милијарди долари) на платформата Х.

     

    – Договорот, исто така, го содржи обврзувањето на Белгија да и обезбеди на Украина поддршка во текот на 10-годишниот рок на договорот – објави Зеленски.

    Безбедносниот договор се навраќа на одлуката на шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во литванскиот главен град Вилнус во јули.

    Таму беше договорено поединечните земји-членки да склучат билатерални договори за да се обезбеди долгорочна безбедност на Украина.

    Договорите гарантираат дека Украина ќе добие снабдување со оружје и финансиска помош за да помогне да се премости јазот до планираното пристапување на земјата во НАТО.

    Белгија ќе се заложи за снабдување на Украина со 30 борбени авиони Ф-16, а првите испораки се планирани за оваа година, објави новинската агенција Белга, повикувајќи се на министерот за одбрана Хаџа Лахбиб.

    Ова беше објавено неколку часа пред украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со белгиските власти.

    Украинскиот лидер бара поголема воена помош од неговите западни сојузници додека неговите трупи се борат да ги задржат руските окупаторски сили. Украина има потпишано голем број такви договори со западните партнери, кои и ветуваат долгорочна безбедносна помош во форма на оружје и обука за воените сили, пишува Ројтерс.

    Така, Зеленски во понеделникот ја посети Шпанија, а според билатералниот договор што во Мадрид го потпиша со шпанскиот премиер Педро Санчез, таа земја во текот на оваа година на Украина ќе и подари воена опрема вредна една милијарда евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img