More

    Обвинителството минатата недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“

    spot_img

    Обвинителството минатата недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“.

    Од одбраната на Панделевски велат дека OJO со овој чин ги потврдило сите аргументи кои Панделевски ги објаснувал пред јавноста и пред судот, односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ.

    – Од првиот момент на обвинението против него, Панделевски и неговата одбрана стоеја јавно зад овие аргументи и добро е што конечно истите ги прифати и ОЈО. Со ниту еден доказ обвинителката Лиле Стефанова во целиот период од 7 години од кога е започнат случајот не објасни и не кажа за кое дело беше гонет Цветан Панделевски. Наместо објаснување од страна на Стефанова за целиот изминат период се случуваа закани и уцени дека ќе ги прошири делата и кон неговото најблиско семејство. Семејството Панделевски беше под притисок од страна на структури на моќ, целосно неповрзани со правните аспекти на предметот Империја, но притисоци кои направија непоправлива штета на компаниите на Цветан Панделевски – велат од одбраната на Панделевски.

    Одбраната вели дека кривичната постапка пред седум години започнала како шоу – настан и во годините кои следеа Цветан Панделевски и неговото семејство поминале низ полициски структури кои со автомати вооружение правеле претрес во нивните домови, притворска казна изречена без ниту еден доказ за нејзина основа, на медиуми беа прикажувани шеми со Оф-шор компании во кои наводно Панделевски бил дел, седум години закани континуирани кон семејството дека ќе му ги киднапираат внуците, континуирани штети врз работата на компаниите нивна блокада, доспевање на сите кредити, забрани за нови кредитирања на сите компании поврзани со членови на семејството.

    Со оваа постапка, додаваат од одбраната, ОЈО јавно потврдило дека Цветин Панделевски не направил ниту штета на државата, ниту дека има оштетени, се повлекле две од три обвиненија, а се потврдило дека тој не е сопственик на никаква оф-шор фирма, ниту пак има каква било поврзаност со такви компании, не се појавил ниту утврдил ниту еден единствен доказ дека се случило перење на пари од страна на Панделевски, не се појавил ниту еден оштетен акционер од страна на Панделевски и дека целиот случај Империја се свел на наводна измама на г-ѓа Кираца Трајковска.

    „ОЈО и Лиле Стефанова го продолжуваа процесот против Панделевски само за наводна измама на Кираца Трајковска. Прашањето е како г-ѓа Трајковска и самата обвинето лице за измама на акционери во друг правен субјект, од обвинета станува оштетена? И, тоа што е најиндикативно како после пет изминати години во кои заедно со други структури на моќ се правеше обид за изнуда кон семејството Панделевски од 1,7 милиони евра“, прашуваат од одбраната на Панделевски.

    Оттаму најавуваат дека ќе докажат дека биле во право како и за претходните обвиненија така и за преостанатото кај Кираца Трајковска и ќе се докаже дека биле правени обиди да се вмешаат национални институции во реализација на обид за изнуда кон семејството Панделевски.

    На наредното рочиште закажано на 12 јуни оваа година одбраната на Панделевски очекува да биде повлечено и последното обвинение против него.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img