Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува меѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, соопшти Царинската управа.
Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола ги открил апаратите заедно со деловите за одржување.
Поднесени се соодветни пријави против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови поради прекршување на царинските регулативи.