More

    Законот за полиција е јасен ,Министерот Спасовски должен е веднаш да го разреши комндирот на ПС од ОН Охрид Сашо Дончевски

    spot_img

    Колку негативни извештаи за сработеното на командирот на Полициска станица Охрид Сашо Дончевски треба да поминат пред советот на Општина Охрид,за конечно на раководството на МВР да им падне на памет да го разрешат овој криминоген командир?
    Како што е познато и на последната седница на Совет на Општина Охрид, по третпат пред советниците не помина извештајот за сработеното на ПС од ОН Охрид, што е преседан не само во македонски туку во светски размери, ем некадарни, ем и понатаму раководат со еден важен безбедносен сегмент?!

    ЗА КОМАНДИРОТ ДОНЧЕВСКИ НЕБИТНА ОДЛУКА НА СОВЕТОТ, НЕМУ МИНИСТЕРСТВОТО МУ ДАВАЛО ПЛАТА, А НЕ СОВЕТОТ?!

    Последната седница на Советот на Општина Охрид буквално наликуваше на „Окупација во три слики“. Советниците, во доцни вечерни часови, а некои и во раните утрински, беа посетувани од страна на високи полициски структури и од криминалното подземје, со „пријателски“ препораки дека мораат да гласаат за извештајот за работата на ПС од ОН Охрид, кој го поднел командирот Сашо Дончевски, по секоја цена, и дека така било наредено од „одозгора“?? А, од каде тоа од „одозгора“ началство????
    Но, со оглед на тоа дека не помина извештајот на командирот на ПС од ОН Охрид Сашо Дончевски, истите тие полициско-криминални структури задолжени да го заштитат заштитникот на криминалот во Охрид Сашо Дончевски, излегоа со нова теза пред граѓаните дека Советот и градоначалникот немале ингеренции над командирот Дончевски и тие немале законска обврска да доставуваат извештаи, затоа што според ова криминално-полициско крило, плата на вработените во ПС Охрид давало МВР, а не општините? Но ако било така, зошто поднесувале извештаи???

    ЗАКОНОТ Е ЈАСЕН ЗА СИТЕ ОСВЕН ЗА КРИМИНОГЕНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ

    Согласно Член 18, од Законот за локална самоуправа Охрид, јасни се ингеренциите на Градоначалникот и на Советот на Општина Охрид.
    Во Член 18, точка 13 стои “Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината кој го доставува до министерот за внатрешни работи“.
    Исто така согласно Член 18, алинеа 15. јасно е предвидено следново -„Врши други работи утврдени со закон.
    Доколку Советот не ги усвои извештаите од ставот 1 точките 7 и 9 на овој член, може да поведе постапка за вршење контрола над материјалното и финансиското работење на надлежниот орган за надзор;
    Раководното лице од ставот 1 точка 12 на овој член е избрано, ако за него гласало мнозинството од сите совети на општините кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.
    Истите овие цитирани закони, опфатени се и во Членот 24 од Закон за Полиција на РСМ
    Член 24, но особен акцент на Член 25 од Закон за полиција, каде јасно и децидно е наведено следново:
    -Член 25 – (1) Командирот на полициската станица од членот 24 на овој закон, на секои шест месеци писмено го информира Советот на засегнатата општина за работите што се однесуваат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
    (2) Командирот од ставот (1) на овој член по барање на Советот го информира Советот на засегнатата општина за работите што се однесуваат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
    (3) Командирот од ставот 1 на овој член, од Советите на засегнатите општини прима препораки за подобрување на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, заради градење доверба меѓу Полицијата и локалното население.

    Со оглед на погореизнесеното, Советот на Општина Охрид е должен да го информира Министерството за внатрешни работи за неусвоениот извештај за сработеното на Полициска станица Охрид и командирот Сашо Дончевски во рок од 8 дена.
    Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, согласно Член 25 од законот за полиција и Член 18 од Законот за локална самоуправа, може до министерот за внатрешни работи на РСМ Оливер Спасовски да побара да се примени одредбата на Совет на Општина Охрид – „Доколку Советот не ги усвои извештаите од ставот 1 точките 7 и 9 на овој член, може да поведе постапка за вршење контрола над материјалното и финансиското работење на надлежниот орган за надзор;
    Раководното лице од ставот 1 точка 12 на овој член е избрано, ако за него гласало мнозинство од сите совети на општините кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи“, во конкретен случај, ОС од ОН Охрид, Командир Сашо Дончевски.
    Горенаведеното законски мора да го спроведе и министерот за внатрешни работи, кој е должен, откако ќе добие официјален допис дека три извештаи се негативно оценети од Совет на Општина, да го разреши командирот на полициската станица, да назначи ВД Командир, како и да спроведе постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиско работење на командирот на полициската станица во Охрид.
    Законот е едноставен, јасен и прецизен, дали и министрите ќе бидат прецизни?
    Продолжува-
    Сашо Денесовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img