Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а долж Повардарието од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
УХМР информира дека и во наредните денови ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи снег и дожд. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер (локално над 30 л/м2). На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Температурите ќе бидат под просекот за овој период.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец.
Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од наша страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.