More

    Војвотката Брижит од Глочестер е именувана како можна замена на церемонијата за доделување на трофејот на Вимблдон овој викенд

    spot_img

    Војвотката Брижит од Глочестер е именувана како можна замена на церемонијата за доделување на трофејот на Вимблдон овој викенд, доколку Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, не биде достапна поради лекување, пишува магазинот Пипл.

    Странските медиуми ја забележаа Брижит на трибините на осмиот ден од турнирот.

    Иако Кејт секоја година го следи Вимблдон од првите редови, оваа година отсуствуваше од престижното тениско натпреварување, каде наместо неа ги видовме нејзините родители.

    Затоа, може да се заклучи дека Кејт нема да учествува ниту во доделувањето на трофејот, поради што не е чудно што организацијата на турнирот најде замена за неа.

    Принцезата досега оваа година имаше само едно појавување во јавноста на кралската роденденска забава „Trooping the Color“, откако во март објави дека оди на превентивна хемотерапија за рак што беше откриен по нејзината операција на стомакот во јануари.

    Кенсингтонската палата не ги потврди идните ангажмани на принцезата додека таа закрепнува, а нејзиното изненадувачко пристигнување на роденденската парада на 15 јуни беше објавено само неколку часа порано.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img