More

    Во својот говор вети дека ќе биде „гласот на малите луѓе“: Во штабот пристигна со „ферари“

    spot_img

    Движењето Татковина во Хрватска на изборите за европарламентот освои еден мандат, па во Брисел ќе отпатува Стивен Бартулица, кој во седиштето на партијата пристигна со Ферари.

    И тоа не било кое „Ферари“, бидејќи се работи за моделот SF90, еден од најскапите модели на овој италијански производител на автомобили.

    Ferrari SF90 Stradale се произведува од 2019 година, а своето име го доби затоа што слави 90 години од Формула 1 тимот на Ферари, кој го носи името Скудерија Ферари. Ферари го означува како „суперавтомобил од сериско производство“.

    Тој е придвижуван од plug-in хибриден мотор кој комбинира четирилитарски твин-турбо V8 бензински мотор со три електрични мотори. Два електромотори се наоѓаат на предните две тркала, а третиот е поставен во средината, зад седиштето. Преносот произведува близу 1000 КС, а се пренесува на сите четири тркала со осумстепен менувач со двојна спојка.

    Цената? Бидејќи сите примероци се распродадени, „Ферари СФ90“ може да се најде само на странски огласи, а продавачите бараат 500.000 евра па нагоре.

    Да потсетиме, Бартулица во својот победнички говор истакна дека ќе биде „гласот на малите луѓе“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img