More

    Во Кина започна свлечиште: затрупани 47 луѓе, стотици итно евакуирани

    spot_img

    Во лизгање на земјиштето што започна во зафрлено место во провинцијата Јунан во југозападна Кина, беа затрупани 47 лица, додека повеќе од 200 итно се евакуирани, објавија денеска државните медиуми.

    Засега нема вести за загинати или повредени лица, а не се знае ни што го предизвикало денешното свлечиште, а од видеата се гледа дека снегот го прекрил теренот и продолжува да паѓа.

    Драмата се случила утрово околу 6 часот по локално време во селото Лиангшуи во кантонот Женгсионг, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, додавајќи дека се затрупани 18 куќи.

    „Итно се евакуирани повеќе од 200 жители, во спасувачката акција учествуваат 10 багери, 33 противпожарни возила и повеќе од 200 спасувачи“, јави јавната телевизија ЦЦТВ.

    Снимката на кинеската социјална мрежа Дуџин покажува планинско село покриено со снег и куќи делумно затрупани од лизгање на земјиштето.

    Кинескиот претседател Си Џинпинг им наредил на спасувачите да направат се што е можно, пренесува CCTV.

    Јунан е планинска провинција дом на бројни етнички групи и е меѓу најсиромашните во Кина.

    Свлечиштето се наоѓа на околу 1.600 километри југозападно од Шангај и на околу 350 километри североисточно од главниот град на провинцијата Кунбинг.

    Според кинеската метеоролошка служба, температурите во кантонот Женсионг се движат околу нула степени во текот на денот, а ноќе се спуштаат до минус четири.

    Одроните се вообичаени во планинските југозападни делови на Кина, особено по врнежите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img