More

    Во Индија седум лица загинаа, а 75 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника

    spot_img

    Најмалку седум лица загинаа, а 75 се повредени во голема експлозија во фабрика за пиротехника во централна Индија, соопштија локалните власти.

    „Можеме да потврдиме седум смртни случаи“, изјави неименуван претставник на окружната болница во градот Харда во индиската држава Мадја Прадеш.

    Според него, таа болница прифатила 65 повредени, додека десет биле префрлени во други околни болници.

    Снимките емитувани од индиските телевизиски канали покажуваат дека пламенот се издига високо кон небото по експлозијата во фабриката. На местото на настанот се испратени десетици амбулантни возила и воени хеликоптери за евакуација на повредените.

    Против големиот пожар кој продолжи да беснее во фабриката беа мобилизирани 15-тина противпожарни возила.

    Експлозиите се вообичаени во претежно нелегалните фабрики за огномет и петарди во Индија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img