Министерството за здравство во Појасот Газа со кој владее Хамас објави дека од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичката организација на палестинска територија биле убиени 27.585 луѓе, главно жени, деца и млади луѓе.
Во последните 24 часа од 7 октомври минатата година, кога започна војната, загинаа 107 лица, а 66.978 беа ранети, објави Франс прес.
Во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас тој ден, на југот на Израел беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 250 заложници беа киднапирани и однесени во Газа.