Во фокусот на ЦИВИЛ: Нелегалното оружје и организираниот криминал (онлајн настан) 

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“ утре, среда, 16 февруари, со почеток во 13 часот. Со ова, продолжува серијата онлајн настани под заеднички назив „Во фокусот“. На утрешниот настан, „во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти на контролата на оружјето во земјата и во регионот. Фокусот ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал. 

Минатата година, ЦИВИЛ го спроведе проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Северна Македонија“ кој донесе исклучително богата содржина со низа интервјуа од релевантни аналитичари, експерти и високи државни функционери. Проектот беше спроведен со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд. 

Утрешниот настан кој се очекува да трае најмногу 60 минути е одлична можност за пошироката публика да се запознае со резултатите од овој проект.  

Овој настан е продолжение од серијата онлајн настани на ЦИВИЛ. Минатата недела беше одржан извонредниот панел на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“. Серијата настани е дел од активностите на ЦИВИЛ што се поддржани од програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.  

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply