More

    Владата подготвува уште еден анекс на договорот за завршување на проектот

    spot_img

    Кинеската компанија „Синохидро“ ќе добие нов рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Владата на денешната седница по разгледување на информацијата за договорот одлучила да договори нов анекс со нов рок на завршување на делницата, но притоа да се искористи износот на пари кој веќе е договорен.

    Како што е соопштено, владата оценила дека треба да продолжи  со изградбата на оваа делница и ги задолжила одговорните институции да почнат преговори за утврдување на текстот на уште еден анекс- договор.

    „Владата ги овласти кабинетот на  заменикот претседател на владата задолжен за економски прашања, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договорот, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид“ ,се наведува во соопштението.

    Додека траат преговорите изведбата на делницата, ќе продолжи да се реализира.

    Владата одлуката ја донела врз основа на мислењето и наодите на надзорот кои упатуваат на реални причини за доцнењето на изградбата на патот. Притоа ги имала предвид и високиот степен на физички извршените работи и решени отворени прашања.

    Првичниот проект за автопатот Кичево – Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но со фокус на Владата и надлежните институции кон важноста на делницата, во голем дел тие се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување.

    Кинеската компанија „Синохидро“ има рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид до 31 декември годинава. Последниот анекс за продолжување на рокот на изградбата на овој автопат беше усвоен во август 2021 година, кога владата и Собранието на оваа компанија им дадоа дополнителни месеци за неговото завршување.

    Првичниот рок за завршување на оваа делница беше 2018 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img