More

    Валбон Лимани ќе го замени Арбен Таравари на градоначалничката функција

    spot_img

    Лекарот Валбон Лимани официјално е избран за в.д. градоначалник на Гостиварсо по одлуката на Советот донесена на денешната вонредна седница, а за која „ЗА“ гласаа 22 советници. Оваа промена е резултат на стапувањето на доскорешниот градоначалник, Арбен Таравари на функцијата министер за здравство.

    Должноста градоначалник Лимани ќе ја врши во период до изборот на нов градоначалник на Локалните избори во 2025-та година. За време на вршењето на градоначалничката функција му мирува функцијата член на Советот на општината.

    – Не можам да заминам без да ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте. Ве сметам за тим и не правам разлика по партиска, религиозна или етничка припадност, ве гледам сите како гостиварци. Гостивар мора да блесне за сите генерации што доаѓаат и за сите оние кои го сакаа и не се веќе тука. Гостивар е моја лична мисија. На крај, но не и најмалку важно, сакам да им се заблагодарам на досегашните колеги во Советот на општината за заедничката соработка и поддршката за новата позиција. Благодарност и до поранешниот градоначалник, г-дин Арбен Таравари. Ви благодарам уште еднаш на сите и да се фатиме за работа – рече новиот в.д. градоначалник на Гостивар.

    Лимани до сега беше претседател на Советот, а на негово место за нов претседател на денешната седница беше избран Намик Дурмиши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img