More

    Уставен ќе оценува дали работниците ќе работат 60 часа неделно

    spot_img

    Здружението „Гласен Текстилец” од Штип денеска поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставност и законитост на членот 12 од Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурните проекти од корисдорите 8 и 10 (Тетово – Гостивар – Букојчани, автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола) .

    Членот 12 од Законот  му овозможува на консорциумот „Бехтел и Енка“ да го оранизира работното време на работниците до  60 часа неделно.

    Од Здружението велат дека тоа всушност може да значи и да организира и распоредува работното време на работниците и 100 или 150 часа неделно, што е во спротивност на Уставот, Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и претставува кршење на човековите и работничите права.

    – „Гласен Текстилец” е против ваквото законско решение и денес ја испративме иницијативата пред Уставен суд за оценување на уставноста и/или законитоста со кое побаравме да се укине овој член кои предизвикува правна несигурност и е во спротивност на чл.32 од Уставот и чл.116 од Законот за работните односи и меѓународните ратификувани конвенции кои го регулираат ова прашање –  вели Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец”.

    Таа очекува  Уставниот суд со посебно внимание да ги разгледа наводите наведени во поднесената иницијатива од нивна страна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img