More

    Унион ја пишува историјата на Бундеслигата, пристигна првата жена во стручниот штаб

    spot_img

    Унион Берлин го отпушти тренерот Урс Фишер поради лошите резултати и го назначи Марк Грот за привремен тренер.

    Гроте е тренер на Унион за селекцијата до 19 години, а сега привремено ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб.

    Бидејќи беше отпуштен и помошникот Маркус Хофман, Гроте ја доведе својата помошничка Мари-Луиз Ета.

    Таа е поранешна фудбалерка која ја заврши својата играчка кариера во 2019 година, по што се посвети на тренерската работа во помладите категории.

    Мари Луиз сега ќе стане првата жена помошник тренер во историјата на машката Бундес лига, како и речиси на целиот европски фудбал.

    Родена е во 1992 година во Дрезден, а во текот на својата играчка кариера настапуваше за Потсдам, Хамбург, Клопенбург и Вердер Бремен.

    Унион по 11 одиграни кола го зазема последното место во Бундеслигата, во сезона во која игра и во Лигата на шампионите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img