Background

Унијата сака да гради силно партнерство со САД за стратешки и заеднички цели

Европската Унија не би сакала да ја споредува актуелната ситуација со изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп околу Гренланд со случувањата во Украина пред руската инвазија во 2022 година, изјави денеска главната портпаролка на Европската Комисија, Паула Пињо.

Таа одговараше на новинарски пршања во врска со најавата на Трамп дека нема да ја исклучи употребата на воена сила со цел САД да ја преземат контролата врз Панамскиот Канал и врз данската територија Гренланд.

На прашање дали односот на ЕУ кон воените закани упатени од Трамп кон една нејзина земја членка потсетува на случајот од пред 2022 година, кога Унијата и дипломати во некои нејзини членки велеа дека заканите за руска инвазија врз Украина се „хипотетичко сценарио“, Пињо одговори дека станува збор за „теоретско прашање“.

- Advertisement -
Ad image

– Навистина зборуваме за нешто крајно теоретско, кое не сакаме да го елаборираме, ниту пак да ја споредуваме оваа ситуација со она што се случи во Украина – рече Пињо.

Запрашана дали ова прашање повеќе нема да биде хипотетичко ако „американските маринци се истоварат на Гренланд“, Пињо одговори дека имало многу закани кои не биле реализирани и во моментов не гледа потреба да елаборира уште нешто на оваа тема.

Портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер, пак, изјави дека ЕУ е јасна во ставот дека мора да се почитува принципот за суверенитет на државите, како дипломатска вредност на ЕУ и како едно од клучните начела на кои таа функционира и тој принцип важи за сите земји, вклучитечно и за Данска.

– Од наша страна, со нетрпение очекуваме да работиме на силна трансатлантска агенда со следната американска администрација, кон заеднички цели и прашања од клучен стратешки интерес – истакна Хипер.

На прашање како може да се говори за соработка со некој кој се заканува по територијалниот интегритет на членка на ЕУ, Хипер одговори дека може само да повтори дека основна цел на ЕК ќе биде силната соработка за прашања од заеднички интерес и изградбата на силни партнерства.

– Ние не ги преоценувме нашите принципи или основните принципи кога станува збор за дипломатијата, но исто така и за суверенитетот на државите и нашиот интерес, и така и ќе продолжиме. Нема да се впуштаме во коментар на коментар на оваа тема – рече Хипер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation