Украина, Полска и Литванија се договорија за план за забрзување на извозот на украински житарки, објавија денеска властите.Според договорот, инспекциите на жито од украинско-полската граница се префрлени на литванското пристаниште на Балтичкото Море, се наведува во соопштението за печатот на украинското Министерство за земјоделство.
Целта на преместувањето на местото на инспекција е да се олесни транзитот на украинскиот извоз преку полска територија, се вели во соопштението.
Од литванското пристаниште Клаипеда, каде од утре ќе се контролира присуството на штетници и болести, жито ќе може да се извезува по морски пат низ светот.
Договорот, исто така, може да помогне во намалувањето на тензиите околу цените на житото меѓу Украина и Полска во време кога меѓународната поддршка за напорите на Киев да се одбрани од Русија би можела да слабее.