More

    ЦУК објави нови фотографии од опасното место со кал од Студена Бара покрај реката Пчиња во Кумановско каде вчера беше спасен човек заглавен во калта како во жив песок

    spot_img

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави нови фотографии од опасното место со кал од Студена Бара покрај реката Пчиња во Кумановско каде вчера беше спасен човек заглавен во калта како во жив песок. Спасувањето траеше неколку часа.

    Човекот речиси колабирал и на штица за носење бил предаден до лекарите до точката каде што можела да дојде Итната медицинска помош, велат од ЦУК.  Додека едни го носеле други спасувачи со секири правеле пат низ вегетацијата.

    „Евидентно е дека тоа место е опасно и ЦУК, преку Секторот за операции и координација, иницира негово соодветно обележување за да не се случи и друг граѓанин да заглави и да биде во животозагрозувачка ситуација таму, на тоа опасно место со кал во која се пропаѓа, како „жив песок“, на месноста Студена Бара, во кумановскиот дел покрај реката Пчиња“.

    Тие уште еднаш апелираат граѓаните итни случаи и особено животозагрозувачки ситуации да пријавуваат на бројот 112.

    ж   

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img