More

    Ден на жалост во Украина: Во разорниот руски напад загинаа над 40 луѓе, а 166 се повредени

    spot_img

    Во Украина денеска е прогласен ден на жалост по вчерашните разорни напади на руските сили при што загинаа над 40 луѓе, а 166 се повредени.

    Русија вчера изврши еден од најголемите ракетни напади во изминатите неколку месеци, при што беше погодена и главната детска болница во Киев.

    Две лица загинаа кога руски проектил срамни со земја дел од детската болница Охматдит, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните утрински часови.

    Русија негираше дека цел на нападот била детската болница и тврди дека таа била погодена од делови од украинска ракета за воздушна одбрана, додека Украина соопшти дека пронашла остатоци од руска крстосувачка ракета.

     

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нападот го оцени како „брутален“, а за рускиот претседател Владимир Путин го нарече „крвожеден криминалец“.

    Според Зеленски, Русија вчера истрелала повеќе од 40 проектили, оштетувајќи речиси 100 згради во Киев, Дњепар, Криви Рих, Славјанск и Краматорск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img