More

    Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ го повика Ковачевски на изборен двобој

    spot_img

    Изборите во Тетово само ги потврдија анкетите кои говорат за огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, изјави денеска Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

    – ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со 2:1 во Тетово. Три дена не можат да се соземат, зашто таков пораз ги чека и на парламентарни. Ковачевски доби јасна претстава што го чека на парламентарни и затоа три дена се обидуваат да го релативизираат поразот кој го претрпеа пред сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ освои 4 советнички мандати, а СДСМ 2 во Тетово. И тоа јасно покажува каков ќе биде и соодносот на идниот парламентарен состав. И не само што тие потонаа, туку потона и ДУИ. Промените се тука и веќе никој не може да ги запре – рече Стојаноска.

    Таа вели дека Ковачевски се плаши за сопствената фотелја во партијата, „па неговите пулени на позиции имаат единствена цел, да зборуваат на празно дека поразот не е пораз и дека сѐ е во ред“.

    – Но, Ковачевски знае дека ништо не е во ред. Зашто народот не го сака, затоа што ја уништија, потценија и осиромашија државата. Ковачевски да собере храброст и да распише предвремени парламентарни избори веднаш. Само Собрание и Влада кои ќе ја отсликуваат реалната волја на народот може да носат одлуки и решенија кои ќе бидат во насока на излез од кризите во кои нѐ потонаа – порача Стојаноска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img