More

    Трифун Костовски открива како била „испумпана“ Еуростандард банка

    spot_img

    Еуростанард банка е однесена во стечај наменски, во време на техничката влада на Оливер Спасовски – обвини вчера сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски на прес прес конференција која ја одржа заедно со експерти од Словенија и Хрватска

    Костовски нема сомнеж дека банката е однесена во стечај со умисла. Тој обвини дека парите кои биле повлекувани од банката како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица, блиски до СДСМ.

    – Сатарот го направи Народна банка без да ги искористи сите механизми кои ги има на располагање за санирање на банката.Тоа беше направено во време на техничката влада на Оливер Спасовски, по завршувањето на вонредната состојба, кога практично не можевме нормално да работиме – рече Костовски.

    Тој изрази жалење што на оваа прес конференција биле поканети неколку институции како Антикорупциска комисија, Финансиска полиција, неколку партии, но никој не се одѕвал на поканата.

    Тој рече дека нарачал истрагата со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. На прашањето дали има сознанија каде завршувале парите што биле земени како кредити без покритие, тој рече:

    – Најголем дел завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов, кои се 18-19-20 на број и се занимаваат со од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката – рече Костовски.

    Тој алудираше на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, но рече дека сонего немал никаква врска.

    – За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните дванаесет месеци пред самиот стечај. Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка. Дали блискоста на Петкоски со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен? Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени – рече Костовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img