More

    ССМ добил неофицијална информација дека Врховниот суд донел одлука да се одземе на синдикатите зградата градена во 1958 година и дека поништил низа одлуки поврзани со Работничкиот дом

    spot_img

    Сојузот на синдикатите (ССМ) добил неофицијална информација дека Врховниот суд донел одлука да се одземе на синдикатите зградата градена во 1958 година и дека поништил низа одлуки поврзани со Работничкиот дом. Ако овие информации се покажат како точни, ССМ најавува дека жестоко ќе реагира и ќе бара оставка од претседателот на Врховниот суд и ќе бара реакција од Судскиот совет.

    Како што изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, синдикатот смета дека оваа одлука на Врховниот суд, доколку е донесена, е резултат на последните штрајкови на синдикатите и со неа се поништени и 6 одлуки на судовите  во корист на Синдикатите кои биле донесени во периодот од 2005 година до сега.

    Трендафилов појасни дека Врховниот суд сметал дека синдикатите немале пари за да ја изградат зградата која во време на градбата во 1958 година чинела 8 милиони долари.

    – Работничкиот дом го преживеа катастрофалниот земјотрес од 1963 година и ќе го преживее потресот од Врховниот суд, а дали Врховниот суд ќе го преживее гневот на работниците, останува да видиме. Нема да дозволиме никој да го земе она што работниците од своја пот го изградиле – рече Трендафилов.

    ССМ се сомнева дека одземањето на зградата на ССМ на ваков начин е поврзано со дејствија на политички елити во државата или е резултат на лични каприци на одредени судии кои не успеале во изминатиот период да ја одземат зградата од ССМ, бидејќи доказите за сопственоста на зградата биле посилни од нивните желби.

    Ние прашуваме на кого му е потребен работничкиот дом освен на работниците – праша Трендафилов.

    ССМ смета дека Врховниот суд направил некаква грешка и не донел ваква одлука, а ако е така ССМ од денеска му објавува војна на врховниот суд и ќе ги обелодени сите малверзации што ги прави.

    ССМ најави отворање постапка пред меѓународните судови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img