More

    Крушево утре го одбележува 25 јануари, денот на раѓањето на Тоше Проески

    spot_img

    Крушево утре го одбележува 25 јануари, денот на раѓањето на Тоше Проески. Бројни музички и културни манифестации во Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење, ќе бидат посветени на Тоше кој да беше жив утре ќе наполнеше 43 години.

    – Во програмата со различни настани, ќе се обидеме да ги доловиме сите нишки од неговиот карактер и неговата душа. Денот, 25 јануари е врежан во срцата на сите нас, кои го сакаме Тоше, ја слушаме неговата безвременска музика и со насмевка, но и со тага во очите ги гледаме неговите фотографии, неговите награди, неговата облека и личните предмети кои се наоѓаат во неговиот дом – Спомен-куќата на Гумење во Крушево. Во 1981 година, на 25 јануари, се роди нашиот музички ангел – вели Лефкија Гажоска, директорка на спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.

    Сеќавањето на Тоше Проески на неговиот роденден утре почнува со хуманитарна крводарителна акција која ќе трае од 9 до 16 часот во просториите на Спомен-куќата, а во организација на Црвениот Крст од Крушево.

    Во 11 часот и 15 минути, времето на неговото раѓање, присутните, претставници од институции и поддржувачите на Тоше, најавени дека ќе ги има од многу места, ќе положат букет свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, на Гумење. Во 12 часот во Спомен-домот ќе биде отворена хуманитарно-продажната ликовна изложба со наслов „Срцето не е камен“ на стилистката и уметничка душа Светлана Зуламоска. Нејзините дела со ликот на Тоше и пригоден текст, се насликани на камени плочи со акрилни бои, а целта на изложбата е собраните средства од продажбата на овие уникатни и оригинални ликовни творби, да се донираат за лекување и терапија на малиот Војдан Спасовски.

    Дека Тоше е инспирација за младите уметници, ќе потврди и промоцијата на музички и видеоспот на Јана Мрческа, на рефрени на неговите популарни песни.

    Утре од 13 часот ќе се одржи веќе традиционалниот музички перформанс „Ангел си ти“. Македонската вокалистка Ивона ЈО во придружба на нејзиниот бенд В2В, ќе исполни десетина нумери од богатата музичка ризница на Тоше.

    Фановите на Тоше низ Балканот ќе имаат можност преку телевизискиот канал Прва ТВ, да го проследат документарниот филм кој авторката Катарина Миловановиќ го сними во Крушево во 2023 година. На денот на тошевиот роденден, копија од овој филм, со превод на македонски, авторката ќе донира во Спомен-куќата. Премиерата и промоцијата на овој документарец ќе бидат в петок, на 26 јануари во 19 часот во салата на Младинскиот културен центар во Крушево.

    Спомен-домот на Тоше Проески досега го посетиле над 1,1 милион гости од земјава, Балканот и од светот. Тој содржи 660 експонати врзани за животот и делото на Тоше Проески, главно дарувани од неговото семејство, а во моментот се изложени околу 350, другите се чуваат во депото на Музејот и поставката се обновува со дел од нив.

    Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка во Хрватска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img