More

    СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ДРЕКСЛЕР

    spot_img

    Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во  земјава Н.Е.  Петра Дрекслер.

    На средбата се разговараше за Евро атланските интеграции на  Р. Македонија  и за  неопходноста од   реформи во повеќе општествени сфери со цел враќање на довербата кај народот во државниот систем.

    Заеднички беше заклучено  дека двете држави  Македонија и Германија  може да работат на зајакнување на соработката во областа на туризмот   преку  германските туристички здруженија кои работат на поттикнување „Одржлив туризам“ и поголема промоција на Охрид како туристичка дестинација  пред германските тур- оператори. Притоа беше истакнато дека две германски туристички агенции имаат потпишано Меморандум за разбирање  со што се очекува да се зголеми бројот на германските гости на охридската ривиера.

    На состанокот стана збор и за одличната  преку гранична соработка на Охрид со градови од соседството и регионот како и за стопанското зајакнување на Охрид преку отворање на германските фирми „ОДВ Електрик“, „Костал“, „Магна“  и словенечка „Леарница“ во кои се вработени околу 3 000 охриѓани.

    Петра Дрекслер доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Р. Македонија  од 2020 година.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img