More

    Според извештајот од обдукцијата, Сагет паднал наназад и се удрил во задниот дел од главата, а неговата смрт е прогласена за несреќен случај

    spot_img

    Актерот и комичар Боб Сагет почина на почетокот на јануари, а пред неколку дена беше потврдено дека причината за смртта била повреда на главата која не ја ни забележал.

    Сега во медиумите се јавија експерти кои сметаат дека тоа сигурно бил многу посилен удар отколку што се мислеше.

    Според извештајот од обдукцијата, Сагет паднал наназад и се удрил во задниот дел од главата, а неговата смрт е прогласена за несреќен случај. Сепак, неврохирургот Сањај Гупта се прашува колку темелно била истражена неговата смрт и што предизвикало толку тежок удар во главата.

    „Мислам дека обдукцијата открива многу повеќе и дека тоа не бил само безопасен удар во главата. Кога ќе ги прочитате извештаите од обдукцијата, можеби изгледа така, но станува збор за позначаен удар во главата“, изјавил неврохирургот за Си-ен-ен.

    „Потребна е голема сила за черепот да добие толку големо оштетување. Судејќи според сѐ, личност која ги има повредите на Сагет требало да падне по скалите или дури можел да го удри автомобил. За жал, никогаш нема да дознаеме што точно се случило. Можам само да кажам дека за таква повреда е потребен удар со бејзбол палка“, тврди Гупта.

    Неговата изјава предизвика бројни теории на заговор на Твитер, а многу фанови на Сагет веруваат дека комичарот е убиен и дека неговата смрт треба да ја истражи полицијата.

    „Морам да признаам дека смртта на Боб Сагет со екстремна траума на черепот и повреди на орбитата на коските, како што е соопштено, веднаш предизвика сомнеж за убиство“, „Кој го уби Боб Сагет?“, „Боб Сагет е убиен“, се само некои од коментарите на корисниците кои не се убедени дека извештајот од обдукцијата е вистинит.

    „Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, напишало неговото семејство во соопштението пред неколку дена, а обдукцијата потврдила дека тој немал опојни средства во крвта во моментот на смртта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img