More

    Список на казни во Грција – Не возете пијани, ќе дадете 3 плати

    spot_img

    Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сѐ уште ќе стои во системот и нема да ви биде простено, ќе треба да ја платите. Во Европската Унија постои регистар на сообраќајни прекршоци и голема е веројатноста дека казната ќе ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во некоја од земјите членки на ЕУ, пишува на веб-страницата „Никана“ (nikana.gr).

    Ова е висината на казните во Грција:
    – Возење под дејство на алкохол: 78 – 1.200 eвра
    – Брзина до 20 километри на час во населено место – 100 евра
    – Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра
    – Неносење појас – 350 евра
    – Непрописно паркирање – 40 до 80 евра
    – Користење мобилен телефон додека возите – 100 евра
    – Пушење во возило доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра со одземање на возачката дозвола.

    Претставниците на Советот на Европска Унија (ЕУ) и на Европскиот парламент неодамна постигнаа привремен политички договор за директива која треба да го олесни спроведувањето на казните за возачите кои ќе извршат сообраќајни прекршоци во друга земја-членка. Новата директива сега, освен најчестите и најсериозните прекршоци како што се брзо возење или возење под дејство на алкохол и дрога, ќе опфати и други прекршоци.

    Меѓу нив се:
    – непочитување на растојанието помеѓу возилата
    – игнорирање на забраната за претекнување
    – опасно претекнување
    – паркирање премногу блиску до раскрсница или премин на зебра
    – преминување на полна бела линија
    – возење во погрешна насока
    – непочитување на правилата за користење коридори за итни случаи или користење на преоптоварено возило.

    Она што многумина возачи не го знаат е дека неплатените сообраќајни казни поради прекршоци направени на територијата на ЕУ може да ги внесат на црна листа, што може да ги спречи да влезат во други земји-членки.

    Секој возач кој не послушал прекршочна наредба или парична казна може да се најде на таканаречената црна листа бидејќи и најмалата општина во која било земја од ЕУ може да испрати извештај до надлежното тело во Европската Унија и да бара санкции.

    Ако тоа се случи, сопственикот на автомобилот на првиот граничен премин ќе дознае дека неговиот влез е забранет, а истрагата и барањето за отстранување од оваа листа може да трае неколку години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img