More

    Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи состанок зад затворени врати по смртта на околу сто лица, според податоците на Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во храна во Појасот Газа

    spot_img

    Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи состанок зад затворени врати по смртта на околу сто лица, според податоците на Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во храна во Појасот Газа, пренесуваат западните агенции.

    Итен состанок побарал Алжир, според неименуван дипломатски извор.

    Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Мартин Грифитс изјави дека е „ужаснат“ од извештаите дека денеска загинале и се повредени стотици луѓе при транспорт на помош во Газа.

    – Дури и по речиси пет месеци брутални непријателства, Газа сè уште има способност да не шокира – рече Грифитс.

    Тој додаде дека со овој напад бројот на загинати луѓе во Појасот Газа од 7 октомври надмина 30.000.

    Претходно, Министерство за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на загинати луѓе, додека чекале хуманитарна помош, се искачи на 112, додека повредени се 760 луѓе. Во соопштението се наведува дека сè уште се извлекуваат жртвите од местото на нападот.

    Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека според нејзината истрага, во инцидентот при транспортот на хуманитарна помош во Појасот Газа убиени се помалку од десет луѓе.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека десетици Палестинци, кои трчале по последниот камион од хуманитарниот конвој, во еден момент почнале да се движат кон израелски воен контролен пункт.

    Офицерот стациониран во областа им нареди на војниците да испукаат предупредувачки истрели во воздух бидејќи Палестинците беа на оддалеченост од неколку десетици метри, како и да пукаат во нозете на оние кои продолжија да се движат кон војниците“, се наведува во прелиминарниот извештај од истрагата.

    Исто така се посочува дека по инцидентот некои од камионите продолжиле да се движат кон север, каде наводно вооружени лица отвориле оган врз конвојот и го ограбиле.

    Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека и САД во моментов истражуваат што точно се случило во Газа, каде, според локалното Министерство за здравство, 112 лица загинале додека чекале во ред за храна.

    Бајден им рекол на новинарите во Белата куќа дека САД „проверуваат“ и посочил дека постојат „две различни верзии за тоа што се случило“, пренесува Би-Би-Си.

    – Разговарав на телефон со луѓе на теренот и сите факти се уште се утврдуваат – кажал Бајден.

    Белата куќа претходно соопшти дека ги разгледува извештаите за настаните во Газа, опишувајќи ги како „сериозен инцидент“.

    – Жалиме за загубата на невини животи и ја препознаваме страшната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства – рекол портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img