More

    Русија ја испали најопасната хиперсонична ракета „Циркон“ во Киев?!

    spot_img

    Украина тврди дека има докази дека Русија истрелала напредна хиперсонична ракета за првпат во војната која трае речиси 2 години. Експертите велат дека речиси е невозможно да се собори хиперсонична ракета.

    – Киевскиот владин научно-истражувачки Институт за форензички експертизи објави дека остатоците од нападот на Киев на 7 февруари укажуваат на тоа дека руската војска ја употребила хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ – пренесува Си-Ен-Ен.

    „Ознаките на одредени делови и фрагменти, а и идентификацијата на одредени компоненти и делови, укажуваат на првата употреба на ‘Циркон’ во борба“, соопшти Институтот кој е дел од Министерството за правда на Украина.

    Украинските власти соопштија дека 4 лица загинале, а 38 се повредени во Киев за време на нападот на 7 февруари.

    Експертите велат дека „Циркон“ е застрашувачко оружје ако е вистина она што руската влада го кажува за него. Неговата хиперсонична брзина го прави неранлив дури и за најдобрата западна ракетна одбрана, како што е „Патриот“.

    Алијансата вели дека неговата брзина е осум маха или речиси 9.900 км на час (6.138 мпх). Секоја брзина над 5 маха е хиперсонична (3.836 мпх).

    „Доколку информациите се точни, ракетата ‘Циркон’ би била најбрзата во светот и никој не може да се одбрани од неа“, објави Алијансата на својата веб-страница.

    Покрај тоа, се наведува дека „Циркон“ е „маневрирачка противбродска хиперсонична крстосувачка ракета“ со дострел некаде меѓу 500 и 1.000 километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img