More

    Совети како да се преживеат горештините што следат

    spot_img

    Наглите временски промени и високите температури може да бидат ризични за граѓаните. Од итната медицинска помош во Скопје велат дека поради горештините, зголемен е бројот на повици, како и на колапси на јавни места независно од возраста на граѓаните. Граѓаните може да имаат вртоглавици, варирање на крвниот притисок, вознемиреност… Се препорачува излегување надвор од домот во утринските часови и доцна попладне, да се носи лесна облека, да се консумираат многу течности и лесна храна.

    – Имаме доста колапси на јавни места, независно од возраста. Треба да се почитуваат препораките за носење лесна облека, пиење терапија за хронично болните, да не се излегува на сонце по 11 часот – изјави Драган Панов, доктор во Итната медицинска помош во Скопје.

    Помош и совети бараат и постари, но и млади лица. Се случувало помош да побараат млади кои се истуширале, па веднаш заспале под клима. Една од препораките е и да не се практикува ова – климата да не дува директно во граѓаните.

    Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова вели дека горештините си го прават своето и поради наглите промени има нарушување во циркулацијата кај луѓето.

    – Има вртоглавици, варирање на крвниот притисок. Кај некои лица, на кои високите температури не им одговараат, се јавува и вознемиреност – вели таа.

    Препораки на лекарите се да се јаде умерено, да се излегува во раните утрински часови и доцна навечер, да нема големи температурни разлики кога се преминува од затворен во отворен простор зашто тоа е вистински шок за човековиот организам. Да се внесува повеќе вода, да се избегнува алкохол. Да не се пијат доста студени пијалаци, со по четири или пет коцки мраз.

    – Треба разладување, но, не во голема доза – истакна Чолакова Дервишова.

    Децата да се носат на прошетки во раните утрински часови и доцна попладне, да се става заштита од сонце и да се пијат течности.

    Педијатрите предупредуваат децата да не излегуваат надвор за време на горештините, за прошетки да се користат раните утрински и доцните попладневни часови.

    Медицинскиот директор на Детската клиника во Скопје, доцент доктор Валентина Цвејоска Чолаковска за МИА истакна дека доенчињата се особено чувствителни на зголемен губиток на течности, дехидрација и на електролитен дисбаланс.

    – Препорака од нас педијатрите би била, зголемено внимание при излегување надвор со децата. Поради високите температури, да се користат раните утрински часови и доцните попладневни часови, да се користат капи за заштита, средства со високи заштитни фактори за УВ-зраците, да се обезбеди доволен внес на течности и лесна храна. Особено внимание треба да се посвети на хигиената – како лична, така и на прехранбените производи, овошјето и зеленчукот – нагласи докторката.

    Таа информираше дека сега на Универзитетската клиника за детски болести има хоспитализирано 12 деца со ентероколитис, главно доенчиња и деца на претшколска возраст. На оваа клиника се хоспитализирани и три деца со пертусис, односно голема кашлица.

    Примариус доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, за МИА посочи дека полни се сите термини на пулмолозите за алерголошки иследувања во овој период. На клиниката има и деца со пертусис, особено доенчиња. Во моментов најчести се долнореспираторните инфекции. Станува збор за пнеумонии, бронхити.

    – Околу 100 амбулантски прегледи имаме во рок од 24 часа. Во моментов, 40 дечиња се хоспитализирани на клиниката – додаде Поповска.

    Од УХМР за денеска најавуваат дека температурата ќе се движи до 36 степени, додека за утре се најавува највисоката да биде до 38 степени, а во среда, четврток и во петок на југоистокот од земјата да достигне и до 39 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img