Времето претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.
Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.