More

    Заменичката на Данела Арсовска си поднесе оставка

    spot_img

    Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази од Алијанса за Албанците, денеска си поднесе оставка од функцијата.

    Гадоначалничката Данела Арсовска ја назначи Абази да ѝ биде заменичка непосредно по стапување на функција, како дел од коалициониот договор кој за време на изборите го имаше ВМРО-ДПМНЕ со албанскиот опозициски блок.

    Абази вели дека си поднесува оставка бидејќи не сака да биде во коалиција со ДУИ односно тоа е спротивно на вредностите кои ги промовира таа и нејзината партија, пренесува СДК.

    – Договорот со Арсовска се прекрши со тоа што таа назначи директори од редовите на ДУИ. Не е морално јас како член на Алијанса за Албанците да бидам дел од раководството на Градот. Ќе продолжам да дејствувам како советничка во Советот на Град Скопје – вели Абази.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img