Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Грција, потресувајќи згради и куќи.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) беше преплавен со пораки од Грците од областа каде што беше почувствуван земјотресот.
„Мојот автомобил се движеше лево-десно. Тоа траеше многу долго, се тресеше во мојата куќа. Ѕидовите се мрдаа“, се дел од коментарите.
Пред ова јужниот дел на Грција го погоди земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, а следеа и неколку помали – магнитуди од 2,9, 2,1, 2,5 и 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Филијатра.