More

    Швајцарецот изрази сомнеж: „Дали Ѓоковиќ навистина беше опериран?!“

    spot_img

    Ѓоковиќ со победа се врати на тениските терени, само три недели по операцијата. Ова беше тема на некои швајцарски медиуми кои прашуваа „дали сето тоа е само блеф“.

    Како што јави ДВ (Дојче веле), швајцарскиот „Ноје Цирхер Цајтунг“ објави текст под наслов: „Чудесното закрепнување на Новак Ѓоковиќ – сега и Србија има колено на нацијата“. Веднаш на почетокот на текстот се поставува прашањето: „Дали навистина беше опериран или целата работа беше само блеф?“

    Во написот се наведува дека 37-годишниот Србин го повреди коленото на Ролан Гарос пред нешто повеќе од три недели и мораше да се повлече во четвртфиналето против Норвежанецот Каспер Руд.

    Еден ден подоцна, беше кажано дека бил подложен на операција на менискусот во Париз“.
    „Операциите на коленото се деликатни за тенисерите, тоа е познато не само во Швајцарија. Во 2020 година, Роџер Федерер го повреди менискусот додека ги капеше ќерките, еден ден по поразот од Ѓоковиќ во полуфиналето. Мораше да се оперира. Тоа беше почеток на крајот на неговата голема кариера“.

    „Ѓоковиќ несомнено има исклучителни мускули, кои можеби сега му помогнаа. Сепак, во последните неколку дена на Вимблдон се појавија сомнежи дали Србинот навистина бил опериран“.

    Сомнежите, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“, „ги подгреа Божидар Маљковиќ, претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, кој за локалните медиуми изјави дека разговарал со вујкото на Ѓоковиќ Горан и дека тој му рекол дека Ѓоковиќ не се оперира“.

    Швајцарскиот весник потсетува дека Ѓоковиќ веќе седум пати го освојувал Вимблдон. „Со уште една титула би се израмнил со Роџер Федерер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img