Што велат научниците за стареењето и интимата

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако им се верува на филмовите, сексот е нешто во кое можат да уживаат само две исклучително атрактивни особи и тоа и двајцата да се помлади од 35 години. Но, како е тоа во реалноста? Па, седум од секои осум мажи и три од пет жени во нивните 60-ти години обично имаат секс, вели студија од 2019 година.

Истражувањето вели дека тоа не е којзнае колку помалку од сексот што пријавиле дека го имаат младите активни луѓе, оние кои имаат меѓу 18 и 29 години. Всушност, 7 од 10 стари лица во просек остануваат активни, а некои од нив се активни и до својата 70 година. Кај оние кои имаат повеќе од 80 години, на еден од тројца мажи „му се посреќува“, а истата статистика важи и за жените на оваа возраст.

Прашањето е следно: дали покрај сите нови апчиња и разни комодитети сексот кај постарите луѓе може да се подобри? Или пак, како во старата поговорка, тој станува подобар затоа што луѓето се постари и поискусни?

Статија од ИФЛ Наука прави пресек на неколку познати научни истражувања.

40-ти се новите 30-ти, 30-тите се новите 20-ти…

Поминаа цели 8 години откако во напис во Њујорк Тајмс насловен „40-тите се нови 30-ти“ пишуваше дека „20-годишниците имаат многу секс, но 40-годишниците всушност уживаат“, цитирајќи портпарол на една британска вебстраница која во 2015 година нарачала анкета за ова прашање. На анкетата одговориле 800 луѓе. Вебстраницата пак, „Ilicit Encounters“ е сајт каде луѓето бараат вонбрачни врски.

И други студии покажале слични резултати. Истражување од 2015 година, овој пат на повеќе од 1.000 жени на возраст над 18 години, сугерира дека повеќето од нив веруваат дека нивниот сексуален живот се подобрил со возраста. И не само што бил подобар, туку, особено кај жените на возраст меѓу 45 и 55 години, тој бил „луд и откачен“.

Сексуална мудрост да ти било да си го знаеш телото

Има неколку објаснувања зошто сексот станува подобар како што старееме. Едното, барем за жените, е дека тие се чувствуваат поудобно во својата кожа. Ова во 2016 година го изјави Холи Томас, доцентка по медицина на Универзитетот во Питсбург.

– Имаа поголема самодоверба отколку кога беа помлади и тоа им овозможи да бидат послободни во однос на сексуалното изразување – вели таа.

Со возраста и искуството, исто така, доаѓа и поголема свесност за тоа што, точно, ве измачува. Една студија од 2017 година , на пример, покажа дека иако квалитетот на сексуалниот живот генерално се намалува со возраста, контролирањето на аспектите како што се нивоата на контрола, мислата, напорот и искуствата со претходните партнери всушност прават квалитетот, сепак, да се подобрува.

- Advertisement -
Ad image

„Наодите сугерираат дека стареењето може да биде поврзано со стекнување вештини и стратегии кои можат да го одат контра на падот на (сексуалниот квалитет на живот) поврзан со возраста, особено во контекст на позитивна врска“, напишаа авторите на студијата.

„Ги резимираме овие наоди како сексуална мудрост“.

Не е подобар сексот туку други се приоритетите

Има ли друго објаснување зошто сексот се подобрува со годините освен ова?

- Advertisement -
Ad image

„Што ако, наместо тоа, очигледната разлика во годините е затоа што луѓето родени во 1930-тите имаат различни ставови кон сексот од луѓето кои пораснале по сексуалната револуција во 60-тите и 70-тите?“, прашуваат авторите Мири Форбс, Николас Итон и Роберт Кругер во студија од 2017 година.

Тие откриле нешто друго, а тоа е дека сексот во кој се ужива подоцна во животот веројатно не бил подобар во некоја објективна смисла – повеќе бил резултат на промена на приоритетите во различни генерации.

Ова значи дека како што стареат на луѓето побитно од оргазмот им станува емоционалното поврзување и интимноста.

– Сексуалната активност (не е) секогаш неопходна за сексуално задоволство. Оние кои не биле сексуално активни можеби постигнале сексуално задоволство преку допирање, галење или друга интимност развиена во текот на долга врска – истакна Сузан Тромпетер, вонредна професорка по клиничка медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, уште во 2012 година.

Не се откажувајте, сѐ е до умот!

Значи, одличен секс може да биде возможен и во постара возраст – но ова не е гарантирано. Понекогаш тоа е поради неизбежните биолошки промени: на пример, како што Стефани Фаубион, директорка на Центарот за женско здравје на клиниката Мајо, изјави за Њујорк Тајмс:

– Се чини дека менопаузата има лош ефект врз либидото, сувоста на вагината и врз сексуалната болка.

Друга студија, пак, вели дека сѐ е до нашиот ум и како размислуваме за сексот. Студијата „МИДУС“ направена кај луѓе постари од 45 години открива дека ако сакате добар сексуален живот по патот, треба само да размислувате позитивно.

Луѓето биле прашани каков очекуват дека ќе им биде сексуалниот живот за една деценија од сега, а по една деценија биле споредени одговорите.

„Сексуално оптимистичките учесници пријавија повеќе сексуално задоволство и поголема сексуална фреквенција една деценија подоцна“, потврдија истражувачите.

„Веројатноста за неделен секс беше значително поголема кај таквите жени доколку имаат високи, а не ниски сексуални очекувања“, се вели во трудот.

Со други зборови, нема ама баш никаква причина да се откажуваме од едно од најслатките задоволства на планетата!

фото: pixabay.com

Share This Article