Што треба да знаат оние кои ќе патуваат?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По бројни одложувања и пречки, долгоочекуваниот систем за влез и за излез од Европската унија (ЕЕС) наскоро би можел да биде воведен на границите, пишува Euronews.

Европската комисија (ЕК) во декември предложи постепено воведување на новиот дигитален граничен систем за државјани кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Откако предлогот ќе биде одобрен и Европската комисија ќе го одреди датумот за почеток на имплементација, земјите-членки ќе имаат рок од шест месеци да го имплементираат системот.

Официјалната веб-страница на ЕЕС потврди дека системот ќе започне со работа во 2025 година, иако точниот датум не е наведен.

Пристапот чекор-по-чекор им овозможува на учесниците (земјите членки на ЕУ)  поголема флексибилност да ја усовршат технологијата и да решаваат неочекувани проблеми што беше причина за неколкуте одложувања за воведување на системот.

Целта, според Европската комисија, е првиот ден новиот систем да функционира на 10% од граничните премини во секоја земја-членка.

Во овој почетен период, патничките пасоши ќе продолжат да бидат со печат, но со електронска регистрација.

Патниците ќе треба да ги скенираат своите пасоши или други патни документи на терминалите за самопослужување секогаш кога ќе ги преминат надворешните граници на ЕУ. Системот ЕЕС нема да важи за граѓаните или жителите на ЕУ, ниту за оние со долгорочни визи.

Системот ќе го евидентира името на патникот, биометриските податоци, како и датумот и местото на влез и излез. Скенирањето на лицето и отпечатоците од прсти ќе се прават на секои 3 години и ќе важат за повеќе патувања во тој период.

ЕЕС ќе се применува за државјани кои не се членки на ЕУ кои доаѓаат во Шенген зоната за посети, одмор или бизнис и престојуваат до 90 дена во период од 180 дена.

- Advertisement -
Ad image

Системот ќе се применува при влез во сите земји-членки на ЕУ, освен во Кипар и Ирска, како и во четири земји надвор од ЕУ, кои се во Шенген зоната: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Во рок од шест месеци од постепеното воведување на новиот EES систем, се очекува тој да се користи од секој граничен премин на Шенген. Тогаш патниците ќе треба да аплицираат и за Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), програма за граѓани на возраст од 16 до 70 години. ЕТИАС ќе чини 7 евра и ќе важи 3 години.

Идејата за воведување на новиот дигитален систем на границите  за влез и за излез во ЕУ датира од пред 9 години и претрпе неколку одложувања поради неподготвеност на земјите да го воведат.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article