More

    Што содржи американската помош за Украина, Израел и за Тајван?

    spot_img

    Претседателот на САД Џо Бајден денеска експресно го потпиша нацрт-законот за странска помош што синоќа лесно помина во Сенатот по повеќемесечни партиски натегања во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

    Парите од пакетот вреден 95,3 милијарди долари ќе одат во три региони – Украина, Израел и индотихоокеански регион. Ќе бидат трошени во неколку субкатегории, наведува денеска весникот Волстрит журнал давајќи мала анализа за трошоците.

    Парите за Украина се во висона 60 милијарди долари. Од тие, 20,5 милијарди се за операциите на Европската команда, 15,8 се за безбедносна помош, 13,4 милијарди се за обнова на американските резерви и 9,5 се економски заеми со можност да бидат отпишани. Околу една милијард долари се општи трошоци.

    Израел ќе добие 26,3 милијарди долари од кои 13 милијарди се за одбранбени активности, 9,2 милијарди се хуманитарна помош за Газа и Западниот брег, додека 3,6 милијарди се безбедносна помош. Шестотитни милиони се општи за трошоци.

    За регионот на Тихиот Океан во кој спаѓа Тајван, се даваат пари во вредност од 8.1 милијарда долари. Од тие, 5,6 се за одвраќање (на Кина), две милијарди се за армиско финансирање и 300 милиони се за бродоградилишта. Уште 300 милиони се за општи трошоци.

    Веднаш по потпишувањето на законот Бајден рече дека испораките на оружје ќе почнат „во наредните часови“.

    Тој истакна дека пакетот покажува дека САД и сојузниците целосно ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската инвазија и дека одобрението за помош е важно да покаже дека „ние се спротивставуваме на Путин“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img